(ВИДЕО) Заев од Прилеп : Како што ние ги штитиме европските вредности, така очекуваме ЕУ и Бугарија да ги штитат нашиот македонски идентитет и македонски јазик

0
944

Очекуваме во преговарачката рамка за Северна Македонија да пишува: Acquis-то ќе биде преведено на македонски јазик. Никако поинаку.

Тоа е европска вредност. Како што ние ги штитиме сите европски идентитети, сите европски јазици, ги негуваме, ги употребуваме, ги учиме во нашите училишта, така очекуваме ЕУ, вклучително и Бугарија, да го штити и негува нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е наше право, рече денеска премиерот Зоран Заев.