(Видео) Заев од Осмомартовскиот марш : Ќе ја вратиме слободата во Македонија!

0
1057

Форумот на жени на СДСМ денеска во Тетово организираше традиционален Осмомартовски марш под мотото „Кој род се: слободата, вистината, иднината“, на кој маршираа илјадници граѓани.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=c-bOpTnZdQA[/youtube]

– Е, ова е глетка над глетките. Е, ова е гордост над сите гордости. Е, ова е најубавата страна на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Нека се слушне на сите страни од Тетово до сите краишта на Македонија. Распукала Шар планина. Овој Осмомартовски марш ја испраќа силината на пораката на жените на СДСМ. Слободата ја враќаме. Среќен 8-ми март, дами мои. Денеска, оваа наша заедничка мајка пати и плаче по изгубените четири женски чеда. Четири велам, заради тоа што, нивното име е вистината, слободата, демократијата и иднината. Пекаа и чекаа исчезнатите чеда некој да и ги врати. Некој има обврска, повторно среќата во нашата мајка Македонија, да ја врати. Затоа, почитувани пријатели, оваа обврска е на сите нас. Мораме да ги вратиме изгубените чеда на нашата мајка Македонија – се обрати пред насобраните лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на маршот.

8-mart

Овие денови, времето во Македонија е врнежливо. Некаде паѓа снег, некаде паѓа дожд, паѓаат и бомби кои најавуваат дека ќе паѓа и нешто друго. Ќе паѓа власта на Груевски и злосторничката дружина.

Тој повика дека овој Осмомартовски марш на жените на СДСМ порачува „Марш на власта, надвор на Груевски и злосторниците на Македонија“.

– Сите заедно, и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Роми и Срби и Бошњаци, имаме задача и обврска, слободата и демократијата да ги вратиме во нашата земја –  изјави Зоран Заев.