(ВИДЕО) Заев: Обидот на Чулев и ВМРО-ДПМНЕ да спречат хуманитарна помош потсети на режимот, не ја разбираат солидарноста

0
1149

Граѓаните на Струмица и целата држава знаат дека ние како семејство Заеви сме ја покажувале својата хуманост, секогаш кога сме можеле, хуманоста е нешто што човек или ја има или ја нема. За жал хуманост не гледаме кај Наќе Чулев, таа за него и за раководството во ВМРО-ДПМНЕ е далечна, не ја разбираат, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Телевизија 24.

 -Во време на ваква криза секој може да помогне согласно можностите, ние како семејство донираме пакети со помош до илјадници семејства низ многу градови. Но јас разборам дека во ВМРО-ДПМНЕ под солидарност подразбираат да се солидаризираат единствено со криминалот на Груевски, но кога навистина треба да се помогне, никаде ги нема. Тоа најверојатно им пречи па затоа тргнаа да влегуваат без судски налози во магацините каде што се пакува помошта, каде што работат млади волонтери за пакетите да стигнат до семејства низ целата држава. Со тоа не потсетија што значи режим. Вакво безобразие, да се изживуваат врз млади цела кои биле држени во полициска станица цела вечер не е коректно и не е хумано. Но голема е македонската хуманост, посочи Заев.
Заев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не го осуди, туку и го бранеше таквиот однос на структурите на Чулев во полицијата.