(ВИДЕО) Заев: Ние сме поразлични од нив и ќе го докажеме тоа!

0
1222

„Очекувам од вас да покажеме дека не сме како нив, веќе градиме нов живот во Македонија, поразлични сме и ќе го покажеме тоа, затоа подајте ми ја својата рака, да се сплотиме, и да бидеме заедно во оваа борба“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од митингот во Ресен.

„Ме радува овој полн плоштад на овој студ, но ве уверувам дека студот завршува. После десет години ќе почувствуваме топлина во нашиот живот, затоа што сите заедно на 11 декември ќе го вратиме нашиот живот и сјајот на нашата земја“, рече Заев.

Тој пред ресенчани вети дека правдата ќе се врати во државата и ќе ја има за сите. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара и ќе ги врати парите назад.

Главната цел на Планот за живот во Македонија е враќање на парите кај граѓаните и обезбедување достоинствен живот за сите. Тој ги охрабри земјоделците, чие достоинство сега е згазено, дека ќе има сигурен пласман за нивните земјоделски производи, вети отворање на нови пазари и зголемување на субвенциите, кои ќе завршуваат кај чесните и вредни земјоделци.

На крајот Заев порача дека новата влада на СДСМ ќе го укине екстерното тестирање, а на 11 декември ќе биде последниот тест. Тогаш граѓаните ќе му ја дадат најниската оценка на Груевски-единица.