(ВИДЕО) Заев: Нема мрдање, аболицијата да се повлече и регуларни избори!

0
1161

Zoran-Zaev-10.05.2016-685x320„Ова е нешто што го најавува новото време во Макеоднија. Доаѓа ново време и колку сме подготвени толку ќе бидеме поуспешни и на крајот на денот постоиме сите, како што вика господинот Ламбе, за татковината. Тоа е нашата татковина. Можеме да бидеме различни и секој со својата одговорност, богатството на оваа дебата е токму тоа“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Не се јавив последен за збор за да покажам величина. СДСМ демонстрира долг период растеретеност и било какви предрасуди. Се пријавив последен за да дадам шанса на помалите партии, бидејќи ако тој, единствениот од четирите партии, денеска присутен тука ги има најмногу информациите беше меѓу првите, можеби дел од медиумите ќе си одеа. Сега имаа прилики сите помали партии да зборуваат.

Ставот на СДСМ е познат и денеска нема да го повторам, ќе спомнам неколку други важни работи. Ќе споделам информации со овде присутните, со другите политички партии за да ги знаат и полесно да ги оформат своите идни ставови, во духот на тоа за што се разговара.

Преговори нема во моментов, има разговори, билатерални, ние со странците и другите претставници на 4-те партии со нив. Тоа се случива зошто рековме преговори ќе има кога ќе се укине аболицијата и кога ќе се свика Собранието за да се одложат изборите се до исполнување на условите за одржување на регуларни, фер и демократски избори. И нема мрдање од таа работа.

Притоа, неколку работи се многу значајни. Во сите овие работи се повикани на помош и кај нас во партијата и коалицијата, но и странците повикуваат, другите партии повикуваат уставни експерти, правни експерти, од сите аспекти се изнаоѓаат решенијата.

Во сите овие разговори последните денови, едно прашање е апсолвирано: На 5-ти јуни избори не може да има! И нема да има избори.

Можно е ВМРО-ДПМНЕ утре да поднесе листи, можно е. Но, избори на 5-ти јуни нема да има. Зошто? Заради тие граѓани што ги гледате на улиците ширум Македонија. Не заради Заев, заради било кој од нас овде присутните. Заради граѓаните.

На крајот од денот заради сите аргументи коишто ги бараат граѓаните, а тоа се услови за фер шанса за вредност на гласот. Тоа е регуларна шанса за фер и демократски избори каде што сопствената волја или слободната волја ќе биде изразена.

Ако се оди на нерегуларни избори тие можат да бидат непризнаени и од Никола Груевски, имајте го тоа во предвид.

Опозицијата е во моментот е убедена дека ако оди на избори ќе победи и ќе ја добие поддршката. Но, тие избори може да бидат непризнаени и од Никола Груевски и од Али Ахмети како претставници на власта. Зошто? Затоа што нема услови за регуларни, фер и демократски избори. Едноставен е одговорот.

Дали може да се свика Парламентот? Да, може да се свика Парламентот во секој момент и го давам решението овде јавно и пред камерите и пред сите. Најмалку 5 члена на ДИК, може и 6, може и 7, може и 9, да поднесат писмо-иницијатива до Трајко Велјановски и да го информираат дека услови за регуларни избори со прочистен Избирачки список нема.

Притаа, да побараат да се промени Изборниот законик во неколку работи за избори кога ќе се одржат да бидат прво легални, а после легитимни. Да се воедначат изборните единици 6, 3 и 4. Да се промени Изборниот законик за давање на можност за јавна објава на целиот избирачки список, а не само секој поединечно да се провери. Затоа што во Изборниот законик правото на граѓаните е да се провери секој себеси и другите, а тоа право сега во јавниот увид му е ускратено.

Да се даде можност или алатка на ДИК да ги брише оние што по закон не смеат да бидат на избирачкиот список, а такви се повеќе од 40.000 граѓани.Тие треба да бидат избришани. Тоа не се фантоми, тоа не се фиктивни гласачи, тоа се гласачи кои по закон не треба да бидат на избирачкиот список.

Повеќе од 167.000 треба да се пренесат во вториот дел со астерикс или ѕвездичка. тоа се утврдени граѓани од вкупно 330.000, сомнителни коишто беа консензулано утврдени дека повеќе од 3 месеци се надвор од државата. Тие имаат право на глас и треба да бидат во вториот дел на избирачкиот список. Зошто? На тој начин се анулира можноста за нови изборни кражби и тоа ја гарантира регуларноста на изборите.

Медиумите исто така се значаен дел којшто мора да се реши и разделувањето на партијата од државата.

Значи не помалку од пет члена не мораат да даваат оставка па да влеземе во нов лавиринт на избор на нови членови на ДИК. Пет члена до Трајко Велјановски дека нема услови за регуларни, фер и демократски избори заради тоа што не е прочистен избирачкиот список и заради тоа предлагаат измено на тој и тој член од Изборниот законик, еве ја иницијативата за да се свика Парламентот.
А ако ДИК не постои, ако не постои мнозинството во ДИК што е решението во Р.Македонија? Парламентот мора да се свика. Така да, Парламентот мора и треба да се свика.

Проблемот за излез од кризата во овој моментум во којшто разговараме е тоа што Никола Груевски и власта не сакаат да се откажат од аболицијата. Јас сум лидер на опозицијата и ова го кажувам пред камерите и пред сите. Решенија постојат. Понудени се многу често од експертите во Македонија. Еве и ние ги нудиме на разговорите со претставниците на дипломатскиот кор.

Едно од решенијата беше кажано и овде. Тој што го дал незаконскиот и неуставниот акт, да го поништи. Втората работа е да се повика на член 265, 267 и 269 од Законот за управна постапка, акти коишто се издадени или се утврдени како незаконски истиот орган што ги издава, тоа е инокосен орган може да ги поништи.

Трето решение, да се свика Парламентот и таму во Парламентот законодавно правна комисија да утврди автентично мислење дека член 11 не постои. Пленарна седница го носи тоа автентично мислење. Се доставува до сите судови, државно обвинителство, специјално јавно обвинителство и не ни треба Ѓорѓе Иванов, укината е аболицијата. Друга работа е Законот во Собранието којшто ќе вметне нов член со којшто ќе ја укине аболицијата, односно ќе му даде шанса, на како што вика Иванов барам законска можност да го поништам, има начин како да се поништи аболицијата.

Прашањето е што Груевски не сака да се поништи аболицијата за него и за неговите заради тоа што аболиција во моментов правно формално правосилна има за Груевски и владејачката гарнитура. За Зоран Заев, за Зоран Верушевски нема аболиција. Зошто? Не е правосилна. Ја обжаливме пред Апелација и тргнавме до Стразбур. Нивната аболиција е правосилна. Тие не ги искористија трите дена на жалба. Почекаа мудро молчејќи да стане правосилна. И се преговара и разговара како да се укине аболицијата на власта и претставниците на власта.

Претставниците на опозицијата ќе ја укинат или на апелација или во Стразбур, каде што ќе биде прв пат преседан некој да е помилуван од човек кој што претставува Претседател на државата, а помилуваниот да се бори до Стразбург да му биде укинато помилувањето за да добие шанса за правично судење и преку суд да ја докаже својата невиност.

Оттука тие се моментите како се решава кризата.

Кога ќе биде укината аболицијата или потврден начинот на укинување на аболицијата, свикан парламентот, спремен сум во било кој формат да разговарам како претседател на најголемата опозициона партија за добрата иднина на Македонија. Отворено е се.

Во моментов СДСМ стои зад ставовите на граѓаните, истите ставови кои што тие ги презентираат ние стоиме и се согласуваме со нив. Секако имаме и свои размислувања и видувања.
Во моментов нашиот став е да се врати Пржино договорот. Зошто? Заради тоа што реформска влада, експертска влада, влада за национален спас можеби треба и оставаме отворени врати. Но нашиот став е договорот од Пржино.

Зошто не велиме други формати? Не веруваме дека Никола Груевски ќе направи реформи во правосудството, оти полесно ќе оди во затвор отколку да напорави реформи во правосудтството, а преку тоа пак ќе ја мачи Македонија. Не веруваме дека Никола Груевски којшто има 52 мандати во парламентот, на незаконски начин избрани но ги има, тоа е Никола Груевски, дури и преку експертска влада ги има 52-те мандати. Затоа оставаме само простор отворен и за реформска влада, национален спас, експертска влада или било каква.

Но, под услов да се знае програма, рокови, одлуки, до кога. До изборите и што останува после изборите? При тоа реформите за избори мора приоритетно да се направат оти само изборите дават конечен легитимитет, директно прегу граѓаните.

И повторувам, избори регуларни фер и демократски, конечен легитимитет за крупните конечни реформи во Македонија.

Оваа разноликост што се јавува во Македонија, оваа широчина на бои, различности што се случуват во државата е голема вредност, но и сериозна одговорност. Сите нас коишто учествуваме во овој процес треба да знаеме дека иако трае е здраво за општеството. Тие граѓани што ги гледаме надвор по улиците ќе си ја чуват Македонија од секоја наредна власт која ќе биде избрана од граѓаните. А притоа нашата одговорност како политичари, кои претставуваме политички партии или движења со политички аспирации мора да биде пресериозна.

После 25 години се најавува ново време во Македонија. Гарант за тоа ново време е процесот којшто го отворивме и во којшто учествуваме сите. Овој процес е сериозен гарант. Колку побрзо бидеме подготвени да го зграпчиме ново време, време на транспарентност, одговорност, отчетност, граѓаните вклучени внатре, во одлуките, комплетно чесно поставување во процесот пред којшто сме исправени, толку и ќе добиеме вредност од граѓаните на изборите ние како политичари и нашите политички партии.

Така да моето очекување е дека избори на 5-ти Јуни нема, аболицијата мора да се укине и од тоа нема мрдање, а сите други дилеми треба да се стават на маса.

Датум за избори не треба да фиксираме од самиот старт и никогаш досега во процесот како претставник на опозицијата во преговарачкиот процес не сум бил поборник за датум.

Зошто? Заради тоа што не верувам во режимските институции контролирани од власта дека ќе ги исполнат условите. Само заради тоа.

Но, истовремено не ставајќи датум треба да знаете дека датум кога нема тоа е Април 2018-та година. Уште две години спремни сме за ова топло-ладно? Можеби условен датум е решение. Не. Не сме дошле за тоа, затоа вака поставувам прашање. Условен датум ако е 2-ри Октомври датумот за избори, тој ќе биде и ќе се случи ако до крајот на Јуни се прочисти избирачкиот список, се регулират медиумите и се разграничи партијата од државата. Ако се одложи 15 дена, 15 дена се одложува датумот, ако се одложи за месец дена, месец дена се одложува датумот. Условен датум, јавно ја отварам дебатата.

Не сме дошле на разговори со претставниците на меѓународната заедница да соопштуваме датуми или да разговараме за одредени формати на влада. И уште еднаш сакам заради тоа што сум овде единствен претставник на оние што разговараат, меѓународната заедница до ден денес учествувајки во овој процес нема направено ни тронка повеќе од тоа што уставот и законот и меѓународните го дозволуват во Република Македонија и надвор од нашата покана како претставници на четирите политички партии да влезат и да учествуват во овој процес како пријатели на Македонија.