(ВИДЕО) Заев на средби со граѓани во Полог: СДСМ, БЕСА и коалицијата „Можеме“ се најсигурната опција за да продолжиме по исправниот пат, во Тетово ќе имаме двојна победа

0
1243
„Овие избори се многу важни за сите нас и за иднината. Затоа заедно со коалициониот партнер, Касами смогнавме сили да направиме предизборна коалиција, која е победничка коалиција, најголема, најразнолика и најмоќна досега“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска заедно со претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами реализираа повеќе средби со граѓани во населените места Боговиње, Милетино, Челопек, Брвеница и Желино.
„Во изборната единица број 6 ќе имаме двојна победа. Ќе ги победиме и ДУИ и Алијанса за Албанците, ќе ги победиме и ВМРО-ДПМНЕ за два пати повеќе. Ги гледате, дојдоа изборите и повторно ДУИ и ВМРО ДПМНЕ пак со национализам. Зошто ДУИ 11 години не го носеше Законот за јазици, се плашеа за рејтингот и кариерата? Но, дојдовме ние и го решивме прашањето. Се лажеа насекаде граѓаните дека сите ќе изгубиме, но дали е така?
Не. Добивме сите, секој има право да комуницира на својот мајчин јазик. Имавме храброст за сите одлуки што ги носевме. Ги исполнивме стратешките цели на државата, члена сме на НАТО, ги отвораме преговорите за ЕУ. Сега другите партии не може да ветуваат НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа од нас. И зошто 11 години во време на режимот ова не се случуваше? Затоа што сите се грижеа за себе и нивната партија, наместо за народот и државата. Не само што ги решивме стратешките заложби, туку го воведеме и граѓанскиот концепт „едно општество за сите”, концепт кој ги победува стереотипите и времето на поделби заминува во историјата“, истакна претседателот Заев и им порача на граѓаните на 15 јули да дадат масовна поддршка за коалицијата „Можеме“.
„На 15 јули, немојте да дозволите да останете дома. Со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ одиме напред, а ВМРО-ДПМНЕ се опасност за државата. Да не ризикуваме, да го даваме гласот за било кој, за тие кои можат да коалицираат со Мицкоски, а со тоа да се врати режимот на ВМРО-ДПМНЕ и државата да се врати назад“, порача претседателот Заев.