(ВИДЕО) Заев на прес со Бејли одговараше на прашања за Бетмен : Влегувањето на Богдан Илиевски во ИК на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека крвавиот четврток беше добро осмислен

0
1899

Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање одговори за тоа што во Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ влезе Богдан Илиевски, предводникот на протестите кои резултираа со крвавиот упад во Собранието.

– Тоа само уште еднаш ја потврди тезата дека организацијата на крвавиот четврток, на 27 април, е навистина добро осмислена организација, со добра мотивација и со конечна цел, како што тогаш дефиниравме, за одземање на животи на пратеници од мнозинството. Драго ми е што тоа не се случи, но можам повторно да се вратам на таа теза што ја кажав: Нека биде поука за сите, никогаш повеќе да не се повтори. А оној што нема срам од тоа што го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите активности – рече Заев.