(ВИДЕО) ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ: Најсиромашните граѓани, медиумите, угостителите ќе бидат опфатени со петтиот пакет мерки

0
691

На денешната собраниска седница премиерот Заев најави и помош за во угостителската дејност, транспортот, на тутунарите, медиумите.

„Ги таргетираме хотелите надвор од туристичките места. Тие хотели коишто беа во туристичките места со ваучерите со картичките, со она што значеше 6.000 денари помош на граѓаните на сметка беа помогнати и навистина туристичката сезона некако ја поминаа, имајќи предвид дека сепак е пандемија за сите. Но, хотелите надвор од туристичките места, тоа е главниот град, во внатрешноста навистина беа затворени или минимум присутни, сакаме да дадеме грантови или одредени мерки, иако дел од економските министри се да имаме мотивирачки мерки.

За тутунот ќе имаме сигурно мерка оваа година и верувам дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменикот и неговиот тим навистина ќе искреираат убав пакет како да помогнеме, оти последици меѓу другото на КОВИД-19 се и пониските откупни цени од последните три години. Тоа е нашиот народ, огромен број население живее од тоа и тука ќе имаме сигурно разработена мерка. Медиумите се директно погодени, плаќаат 49 милиони и 500 илјади сите 118 или 138 медиуми. Цел на Владата е, без да има било какви интеракции со медиумите, да помогне кај АВМУ, а АВМУ ако може да ги ослободи медиумите од таа концесија, тоа купче од 50 милиони денари за сите медиуми, да помогнеме.

Ги разгледуваме можностите за терестеријалната такса која што плаќаат кон АЕК, тоа е регулаторно тело, мора да се разговара да се види што може тука да се помогне“, дополни премиерот Заев.