(ВИДЕО) Заев: На крај памет не ми падна дека ќе му објаснувам и за ДДВ на Груевски!

0
1455

„Сите пари ќе ги вратат во државата, во Буџетот, и ние како идна, сериозна, одговорна власт, сите пари ќе ги вратиме кон вас, кон граѓаните.

На 5 главни точки се темели овој План. Враќање на парите кај граѓаните е една од нив. Како? Еден од начините е со враќање на 15 проценти ДДВ од секоја фискална сметка што ќе ја добиете, за се што ќе купите. Тоа што на Груевски не му е јасно, веројатно затоа што во ваквиот План за враќање на 15 проценти, има проценти назад за граѓаните, но нема проценти, провизии за фамилијата. Тоа е една плата плус за секое семејство. Но вакви проценти, Груевски никако не може да ги разбере.zaevtet

На крај памет не ми паѓаше дека во време на кампања, ќе дојдам во ситуација да треба јас да му објаснувам на Груевски како функционира Влада, после неговото 10-годишно седење во кабинетот.

Наводниот економист, магистер, се чуди зошто јас не сум го направил тоа досега во Струмица, и не можам да се изначудам, дека тој не знае, дека таква одлука носи Влада, општините не враќаат ДДВ, Владата е таа што носи вакви одлуки и таа што може да враќа ДДВ. И ветувам – новата Влада што ќе ја предводам, тоа ќе го направи за сите граѓани на Република Македонија! Ќе враќаме пари назад! Назад кон граѓаните!

И не само тоа. Ќе има повисоки плати. Ќе има просечна плата од 30.000 денари и минимална плата до 16.000 денари за сите. Груевски 10 години тврдеше дека е нереално качувањето на минималната плата, а сега во неговото предизборно „Реално“ ви ветува наводна минимална плата од 14.000 денари. И пак за работниците во текстилната и кожарската индустрија помалку пари. Нив ги дели! За нив немало да има! Е ова е ЕДНА ОД РЕАЛНИТЕ ПОДЕЛБИ ШТО ГИ ПРАВИ, И ОВА НА 11 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ЗАВРШИ! Завршува времето на делби во Македонија, Доста не делеа, доста поделби! Македонија плаче за единство, за сплотеност, за рамноправност. Македонија плаче за иднина, Македонија плаче за живот!

Ова почитувани ќе биде праведно и правично општество за сите. Со институции во служба на граѓаните. Со силни домашни претпријатија, со успешни бизнис практики коишто ќе отвораат нови работни места и ќе обезбедат иднина за младите во Македонија.

Успеав во Струмица, тоа со што Груевски не може да се помири, градот има меѓународен сертификат за поволно деловно опкружување, за најдобри практики за успешен бизнис и успешна администрација, за уникатен пристап до новите и постоечките претпријатија.

Го воведовме гасот како еколошки и евтин енергенс, знаете вие најдобро овде во Тетово што значи да се гушите во загадување. Вие младите во Тетово, а на 44 километри одовде во центарот на Скопје, милијарда евра истурија за споменици и музеи.

Се гуши и Тетово, се гуши Македонија, од криминалното владеење на власта, коешто еве за 17 дена конечно завршува! Завршува неговото владеење!

Почитувани пријатели, сето ова, се што пишува во Планот за Македонија, направен заедно со вас, граѓаните, ќе го направиме наша заедничка иднина за добробит на сите во Македонија!

За 17 дена ќе распука Шар Планина од радост за животот што доаѓа! Доаѓа ново време, доаѓа нова шанса за живот!

11-ти декември е вашата шанса за живот, во бројот 4 се крие животот! Во бројот 4 на гласачките места се крие единството, се крие правдата, се крие иднината, се крие слободата, се крие демократијата, се крие нашата заедничка иднина!

Да гласаме за бројот 4! Да гласаме за живот во Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митинг во Тетово.