(Видео) Заев за Ал Џезеира : Ќе објавиме за Никола Младенов, затворањето на А1, Мартин Нешковски, името и лустрацијата

0
1685

Објавените снимки од разговори меѓу владини функционери се само 10 отсто од она што го има опозицијата како доказен материјал против владејачката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев за време на гостувањето во „Ал Џезеира Балкан“. Тој најави дека следат бомби за Никола Младенов, за затворањето на А1 телевизија, за убиството на Мартин Нешковски, за лустрацијата, но и за манипулациите со името и како што рече тој „какво предавство е направено“.

Screenshot_58

– Со овие докази ќе ја откриеме вистината која е скриена во Македонија. Груевски во моментов сака да ја вовлече неговата партија и Македонија за да ја заштити неговата кожа. Ја замајува и лаже јавноста дека тоа се некои странски служби кои прислушувале со комбиња. Но ние сме мала земја, што тие странски служби сакале да откријат, нуклеарни бомби? Драго ми е што денес Павле Трајанов нивен коалционен партнер и поранешен министер за внатрешни работи, докажува дека тоа го правела власта. Тоа не може странска служба да го прави, тоа се приказни за мали деца. Се знае кој може да прислушува 20.000 луѓе, тоа е голема операција, конектираност со телекоумикациски оператори – рече претседателот на СДСМ.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=kNlFOv1gFXI#t=866[/youtube]