(ВИДЕО) ЗАЕВ Е НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕМИЕР КОЈ НЕ ЗНАЕ ЗА ОДМОР : Заев и Кочо ни донесоа убава вест, најавија нова инвестиција на ТАБ МАК вредна 25 милиони евра за 90 нови работни места во Пробиштип!

0
2048

Во рамки на дводневната официјална посета на Словенија премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев одржаа неколку средби со словенечки компании и оттаму најавија нова инвестиција на компанијата ТАБ МАК во висина од 25 милиони евра којашто ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип и околината.

„Во рамки на нашата посета на пријателска Словенија имавме прилика да се видиме со неколку бизнисмени, дел од нив се веќе присутни во нашата земја. Господинот Липновик, директор на компанијата ТАБ МАК, ја сподели добрата вест со нас, дека е донесена одлука да направат нова инвестиција за фабриката за акумулатори во Пробиштип во вкупна вредност од 25 милиони евра.

За нас е тоа многу значајно. Се потврдува дека во нашата земја има поволна инвестициска клима кога една компанија којашто скромно стартуваше пред неколку години сега носи вака крупна одлука за инвестиција од 25 милиони евра којашто ќе отвори нови од 70 до над 90 работни места.

Се потврдува дека севкупните наши политики значат отворање на перспективи на Северна Македонија за интегративните процеси, но и на сите економски политики што ги водиме во државата“, рече премиерот Заев и додаде дека оваа инвестиција се реализира во внатрешноста на земјата што е дополнителен импулс за рамномерниот регионален развој и за задржување на младите во нашата земја.