(ВИДЕО) Заев: Доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени за многу кратко време

0
1334

По средбата со бугарскиот премиер Бојко Босиров, лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со случајот Смилковско езеро, истакна дека во многу брз временски период и доказите за овој случај ќе бидат споделени со јавноста.

zaev sm

Знаете дека Смилковското Езеро е еден од пакетите на докази коишто и граѓаните на Македонија ги чекаат. Ние се трудиме да бидеме внимателни со објавувањето на тие докази коишто ги поседуваме. Зошто? Заради тоа што е чувствителна состојбата во Република Македонија после настаните во Куманово. Но, ветивме на граѓаните дека целата вистина ќе ја споделиме, така што во многу брз временски период и доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени со јавноста, рече Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=akehcbbw_Z8[/youtube]