(ВИДЕО) Заев: Груевски бега од суд за пред избори да не се дознае вистината за прислушувањето!

0
1678

Одговори на новинарски прашања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев по одложувањето на рочиштето за „Пуч“.

Медиуми: Дали тоа што Груевски не сака да почне процесот пред избори е вистинската причина за одложување?

Заев: Секако, заради тоа што обврска и на Пржинскиот договор, обврска и на сите политички субјекти во државата, но пред `се, и над `се, без разлика на нашата волја, политичка или не, обврска на македонското правосудство е да одговори, кој прислушувал, како прислушувал, колку време тоа го правел, како тоа го правел во целиот овој период – тоа им го должи македонското правосудство на граѓаните на Република Македонија. Смислата на преговарањето беше да се отвори овој важен моментум, којшто беше суштина на оваа катарза и на оваа запрепастеност којашто и македонската и целата светска јавност имаше можност да ја види во последните 2 години.

Медиуми: …?

Заев: Сакам отворено да ја прашам, дали е свесна дека наместо правен процес, води политички процес и дали е свесна за моментумот во којшто го става, апла, јавно, во понизност, комплетна, македонското правосудство. Сакав само тоа да прашам, за жал не ми беше даден збор.

Медиуми: Г-дине, Заев ако завршија колегите, јас имам прашање, нешто надвор од судскиот процес. Се ближи периодот кога треба да ги објавите кандидатските листи за пратеници, дали има првични информации и како ги коментирате изјавите на Ахмети дека нема потреба да ловите албански гласови?

Заев: Господинот Ахмети и кој било од власта нека си тераат своја агенда, ние нашите листи ќе ги истакнеме на 6 ноември, тоа е недела. Во тек се целодневни разговори со коалициските партнери, но најмногу, пред `се посветуваме време на граѓаните кои ќе бидат во заедничките листи што ќе ги објавиме. Немам намера да коментирам некои дополнителни детали што изјавил господинот Ахмети.

Медиуми: Имавте можност денеска да се сретнете со вашиот политички опонент Груевски овде во судницата на еден неутрален терен и целата јавност да ја чуе вистината. Дали мислите дека одлагањето на денешното рочиште е во функција да го оправда поранешниот премиер за неговото недоаѓање?

Заев: Кога зборувам дека наместо правен процес, овде се води политички процес, токму тоа и се прави. Се остварува некоја политичка агенда, добро осмислена и добро замислена, којашто секако е политичка агенда на Никола Груевски и на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Медиуми: Дали ќе барате од вашиот адвокатски тим да поднесе некаква претставка до судот?

Заев: До кого да поднесе претставка? Кој ќе одлучува по претставката? Ние продолжуваме вака, со трпение, со многу посветеност но и љубов кон Македонија. Да ја извадиме на површина целата оваа катарза и целиот овој срам којшто за жал граѓаните мора да го видат, за конечно тоа да биде гаранција дека на Македонија итно ќе и треба нормална држава, каде што ќе воспоставиме правосуден систем којшто нема да има никакви допирни точки со кој било во државата, без разлика дали е тоа финансиски или политички моќник.