Говорниците на воведната сесија на Самитот на Западен Балкан – “Зацврстување на моментумот за Европска интеграција”, во организација на магазинот „Економист“ во Скопје, беа едногласни дека европската перспектива на регионот треба да биде потврдена на октомвриската сесија на Европскиот Совет со определување на датум за старт на преговори за Северна Македонија и за Албанија.