(ВИДЕО) Заев во „Утрински брифинг“: Сите кои профитираа во минатото, најбогатите, мора да го понесат најголемиот товар од економската криза

0
1296

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска упати порака дека најбогатите во државата се оние кои најмногу треба да го понесат товарот од економската криза при справувањето со Ковид 19, во услови кога државата оперира со преполовен буџет.

-Приходите на државата паднаа драстично. Се очекува почетокот на април да бидат меѓу 30-40 отсто, значи ќе фалат околу 60 отсто од приходите. Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не движиме, не се плаќаат ниту сметки. Голем дел на производсвените капацитети се затворени или хибернираат, затоа не се плаќа и данок кон државата. И ако за тоа не го подготвиме нашиот народ, тогаш сме голи популисти и само бркаме политички поени.

Кратењето мора да се случува од секаде затоа што 60% немање приход, значи недостаток да ги финансираме сите расходи. И да најдеме други пари, пак мора да кратиме од дома. И да се шири гол популизам не е во ред. Големите земји ги земаа парите и сега има се помалку пари и се надевам дека ќе најдеме евтини пари и треба чесно да кажеме дека мора да кратиме. Колку побрзо носиме храбри одлуки за солидарност, толку побрзо ќе излеземе од тешката економска криза, изјави Заев.

Повеќе на Слободен печат на следниот линк ОВДЕ.