(ВИДЕО) Заев во Прилеп: 30.000 денари просечна плата!

0
1278

„Ќе поттикнеме раст на сите плати во Македонија, со што ќе ја покачиме и просечната плата покрај минималната плата.

Просечна плата од 30.000 денари е она кон што целиме.

Тоа ќе го постигнеме преку директна поддршка на домашните микро, мали и средни претпријатија со пари од Буџетот“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Прилеп, каде со дуќанџиите од прилепската Чаршија и со продавачите и купувачите на Пазарот разговараше за проблемите со кои се соочуваат.

„Фирмите ќе добијат за ново вработување годишна државна поддршка од 108.000 денари, или по 9.000 денари за месечно исплатена бруто плата. Ова е една од мерките за поддршка на домашните фирми.

Ова што го зборуваше претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со дуќанџиите од прилепската Чаршија, е порака за сите сопственици на домашни претпријатија и за вработените кои сега стравуваат за своите работни места и за опстанокот на фирмите.

Луѓето ќе имаат пари. А кога граѓаните ќе имаат пари, ќе има и промет, ќе има и добар животен стандард. Тоа ќе се случи по промените во декември“, рече Зоран Заев.