(ВИДЕО) Заев: Власта не обезбеди откуп на јаболката по достоинствени цени

0
1401

jabolkober3

„Дозволете на граѓаните на Ресен и на граѓаните на целиот преспански регион да им посакам здравје, успешна берба и многу среќа во пласманот на јаболкото.

Велам среќа, заради тоа што, навистина, и оваа година ќе им треба на земјоделците, на овоштарите, многу среќа“, рече претседтелот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на преспанскиот крај.

„Откупот и оваа година не е организиран. Почнуваат бербите на јаболкото, никаде не видовме истакнати цени. Да се знае по која цена е трпезното јаболко, а по која цена е индустриското јаболко.

jabolkober

Она што најмногу ги боли сите производители на јаболко, тоа е пласманот, по достоинствени цени за она квалитетно производство коешто го има.

Оваа година, навистина, производството е прекрасно, квалитетно, количините се огромни, и за жал, неизвеснот останува кај сите производители на јаболко во делот на пласманот“, вели Заев.

jabolkober2

„Трговците манипулираат традиционално, голем дел од нив поддржани од Владата и злоупотребувајќи ја целосно маката на земјоделците.

Ова што го видовме по полето во преспанскиот крај, ова прекрасно производство, навистина е жално, да не дочека достоинствени цени. Земјоделците коишто ги работат јаболката велат дека ниту трудот не можат да го исплатат за она што ќе го постигнат како цени за продажба на јаболкото, а камоли нешто да заработат. Знаеме сите дека најголем процент од граѓаните во овој цел регион живеат од јаболкото.

Навистина, во светот постојат прекрасни мерки. Она кое што Владата мора да го прави во Република Македонија, а тоа е организација на пласманот по достоинствени цени. Ако не знаеме како можеме во една Полска и во многу други земји да видиме како тоа се организира, уште во времето на продажбата, кога завршува, веднаш се склучуваат договори, тим од стручни луѓе, разговараат и преговараат, пред сѐ со источните пазари, но и насекаде во Европа за да обезбедат пласман за наредната сезона, за да може земјоделецот уште во фазата на завршен пласман, да знае за наредната година по која цена какво производство е потребно и ќе може да го продаде. Тоа е најважната работа“, рече претседтелот на СДСМ.

„Субвенции има цела Европа и треба да ги има и тие ќе растат, но мора да бидат насочени по килограм производство, а не по хектар. Да бидат стимулативни, да бидат навремено давани за самите земјоделци. Ако сакаме навистина да ги искористиме нашите природни ресурси, традиции коишто ги имаме и нашите предности.

jabolkober5

Јас сум убеден дека овој крај може да биде економски многу жив крај. Економски многу напреден крај, на достоинствени граѓани, коишто ќе се гордеат со тоа што го работат.

Овие денови на почетоци на Јаболкоберот, останува, покрај здравјето и успешната берба, да ја посакаме среќата за земјоделецот, заради тоа што и оваа година, за жал, на среќа ќе бараат пласман надевајќи се колку што е можно да се обезбеди повисока цена.“, изјави Заев.