(ВИДЕО) Заев: Бомбите истекуваат од Петата управа и наредбодавците во Фамилијата на власт

0
1757

П1: Г-дине, Заев дали ќе има избори на 11-ти декември, какви се вашите убедувања, и дали Уставен суд ќе одлучува за СЈО?

 

Неколку пати имам јасно искажани ставови, еве ја користам приликата и овде во тиквешијата да ги повторам тие ставови. Јас сум убеден дека на 11-ти декември, ќе има фер, регуларни и демократски избори, односно ќе сторам се како еден од важните фактори во Република Македонија, јас, мојата партија, и целата опозиција, изборите да бидат слободни каде што граѓаните на регуларен, фер и демократски начин ќе ја изразат слободната волја и тие ќе ја проектираат иднината на Македонија. Впрочем јас сум убеден дека промените ќе се случат во Македонија. Промените се здрави и тие се добредојдени и треба да се случат, но и до тогаш, но и после тоа останува ние заедно да ја градиме оваа наша земја, и да ги решаваме ваквите проблеми. Во тоа име уште еднаш испраќам порака, да не се дрзне под политички притисок било кој, а така и Уставниот суд да го укинува Специјалното Јавно Обвинителство. Тоа е трошката надеж за враќање на правдата во Македонија. Ние не можеме да тврдиме дали е некој однапред виновен или не. Оваа институција е таа која е дел од правосудниот систем и остварува постапки коишто завршуваат со обвинителни акти или со отфрлање на кривични пријави и индикации. Да се остави таа институција да работи заради тоа што тоа е начин како да се врати правдата во Република Македонија. Знаејќи дека еве денеска сме 27-ми, до 12-ти октомври работи Парламентот, нема закажано седница на Уставниот суд, каде што ќе се разгледува ваквата иницијатива, за мене тоа значи испратена порака од Уставниот суд дека тие немаат намера до изборите да ја разгледуват иницијативата за уставноста на Уставниот суд, што е добро решеније, заради тоа што ако има нешто неуставно од законот, или нешто коешто Уставниот суд треба да го разгледува, чесно е тоа да се случи веднаш по изборите, заради тоа што удар врз Специјалното Јавно Обвинителство, е сериозно застрашување за сите во Македонија, граѓаните ќе реагираат и верувам дека никој тоа не може да го контролира.

unnamed-1

П2: Како го коментирате нападот на Судот од страна на Шарената револуција?

 

Значи, независните институции треба да бидат оставени независни, иако македонското правосудство е целосно поклопено од извршната власт. Јас верувам, гневот и револтот коишто постојат кај граѓаните се причината да се фрлаат бои, или да се напаѓа некоја институција којашто е сопственост на сите граѓани на Република Македонија. Сакале некои граѓани да дадат до знаење дека не е во ред, од сите овие предмети на СЈО, да има само еден домашен притвор којшто е укинат, а сите предмети којшто власта или државното јавно обвинителство ги проследуваат… некои споменуваат бројка од 711, имаме 707 притвори, тоа е повеќе од 99%. Само по себе тоа предизвикува гнев кај граѓаните и верувам дека само тоа се причините да се фрла боја врз Основниот суд Скопје 1.

 

П3: Дали можеби имате сознанија од каде излегоа аудио снимките на одредени политички функционери низ социјалните мрежи?

 

Неколку пати тоа го зборуваме и веќе е јасно на граѓаните. СДСМ додека ги имаше во поседување сите овие разговори, не излезе ниту еден разговор од приватна природа, ниту пак нешто што е надвор од делокругот на потврда за криминали, корупција, незаконско работење или неетичко работење на штета на граѓаните и државата. Разговорите од нас се предадени на 30 декември 2015 година. За овие разговори треба да ги прашате Сашо Мијалков, Никола Груевски, Горан Грујевски од каде се, затоа што претпоставувам, тие имаат два до три пати повеќе разговори од тие што ние ги поседувавме и ги доставивме до Специјалното Јавно Обвинителство. И уште еднаш, да нема дилеми, ние сме доставиле 540 000 аудио разговори, повеќе од 520 000 текстуални транскрипти на Ворд документи, ПДФ фајлови, Ексел табели, и други. Така доаѓаме до бројката од 1 милион разговори. 540.000 се аудио разговори. По мои информации, во МВР, односно во посед на Сашо Мијалков и врхушката на власта има повеќе од 1.500.000 разговори и тие се должни, да објаснат по кои канали, каде се пуштаат тие разговори и зошто излегуваат тие разговори. Да не заборавиме дека државното јавно обвинителство на чело со Марко Зврлевски, потвдри во обвинителниот акт против Заев дека прислушкувањето е направено во МВР, со опремата на МВР. Докажувањето во постапката е дали Ѕвонко Костовки и други луѓе зеле дел од материјалите за да ја спасат Македонија или тие ставале дел од тие материјали за да се слушаат. Тоа ќе го потврди правосудниот систем и апелирам до СЈО, до правосудството во Република Македонија – пред изборите мора да се знае кој прислушкувал во државата. Тоа е минимум што го должиме сите кон граѓаните на Република Македонија. Апсолутно им е јасно на сите, но правно–формално е должност и на судот да потврди преку судски пресуди кој прислушкувал во Македонија. Само на тој начин ќе се отстранат сите овие шпекулации. Така да, треба да се праша директно Никола Груевски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, и Петтата управа на Република Македонија, од каде излегоа овие материјали.