(ВИДЕО) Заврши состанокот во Мала Речица, РАСКОЛ во ДУИ: Одлука ќе се донесува утре, Ахмети вели дека тој го испратил Невзат Бејта на Бихачка на состанок со Зоран Заев!

0
2949

Камерите на ТВ21 го снимија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во моментот кога го напушташе седиштето на партијата во Мала Речица. Тој на прашањето со кого ќе коалицира ДУИ вели дека нема одговор за тоа.

– Се водат преговори во правец на доброто на сите граѓани, Албанци и Македонци – вели Ахмети.

На коментарот на новинарот дека автомобилот на Невзат Бејта е паркиран пред седиштето на СДСМ  Ахмети одговара: Јас сум претседател и во секое време знам каде кого сум пратил и за што сум го пратил.

Пред еден час ТВ21 јави дека тројцата потпретседатели излегле од консултациите, а Алсат М пред малку објави дека Изет Меџити се вратил на состанокот.

Според неофицијалните информации имало жестока расправа за опциите коалиција со ВМРО ДПМНЕ а на маса се ставиле и аргументите про и контра коалиција со СДСМ.

По завршување на средбата на претседателството на ДУИ, изјава даде и портпаролот на партијата, Бујар Османи, кој рече дека состанокот продолжува утре во 14 часот.

„Состанокот и седницата на претседателството продолжува утре.

Се уште не се исцрпени сите аргументи по однос на опциите коишто ги ставено ДУИ на маса.

Консултациите продолжуваат, полека сите аргументи се сведуваат на утврдувањето на платформата на ДУИ и условите кои што се поставени, така да ќе очекуваме реакција на политичките партии во однос на тие услови коишто ДУИ ги има поставено“, рече Османи.