ВИДЕО: Жерновски најавува дека следните бомби ќе бидат за ДУИ

0
1325

zernovskiBombaDUI-685x320

Градоначалникот на Центар и поранешен лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, денеска го коментираше текот на преговорите за решавање на политичката криза и при тоа најави дека следните бомби на опозицијата ќе бидат поврзани со ДУИ на Али Ахмети, пренесува А1он.

– Али Ахмети и ДУИ се еден од клучните фактори. Слушам од амбасадорите дека на преговорите Ахмети бил доста конструктивен, но знам дека наскоро една од главни поенти на бомбите ќе бидат случувањата во ДУИ. Да почекаме какви реакции ќе предизвика тоа, па потоа да анализираме кој како понатаму ќе се претстави на политичката сцена – рече Жерновски одговарајќи на новинарско прашање колку претседателот на ДУИ може да придонесе за брзо решавање на кризата.

По однос на најавите за радикализација на граѓанскиот антивладин отпор, Жерновски порачува дека опозицијата треба сериозно да размисли за следните чекори.

– Најавата за радикализација ја чувствувам како фрустрација на граѓаните затоа што не се решава проблемот. Сите инволиврани треба да сфатат дека имаме работа со премиер заглавен во криминали, кој длабоко навлегол во тоталитаризам и премиер кој треба да си поднесе оставка. Ги разбирам тие фрустрации, но треба сериозно да се размисли како ќе дејствува опозицијата – изјави тој.