(ВИДЕО) Динарица за ТВ21: Не го бркавме Спасов со оружје, ние пријавивме во полиција

0
3482

ТВ21 обезбеди изјави и од повиканите лица, кои според Спасов го бркале „Туарегот“ . Тие тврдат дека цело време додека возеле зад него зборувале со службеникот на МВР на бројот 192 и дека всушност тие пријавиле дека е предизвикана сообраќајна несреќа.

„Џипот „туарег“ беше паркиран тука, видовме дека полицајци во цивилно возило беа паркирани тука и тоа со оружје во рака. Кога видоа дека е министерот, тогаш го одложија оружјето, влегоа во колите и заминаа. Потоа на секои пет минути доаѓаа припадници на единицата „Алфи“, а тој по 30 минути, ја затвори вратата, ја остави девојката и замина пешки“, изјави Етем Абази.

Министерот во гостувањето на ТВ НОВА изјави дека лицата го бркале со оружје и дека се исплашил дека ќе биде физички нападнат. Сепак, тие негираат такво нешто.

„Ние не сакавме да го тепаме, не сме ни имале оружје. Ако сакавме да го тепаме не би се јавиле во полиција. Кога би имале оружје не би биле сега на слобода“, рече Даут Динарица.

ТВ21 се обиде неколку пати да стапи во контакт со Диме Спасов и да ја обезбеди втората страна на приказната. Сепак, тој не одговараше ниту на повиците, ниту на СМС пораките. Со цел да ја добиеме и неговата верзија за настанот, ја посетивме и неговата домашна адреса.