(ВИДЕО) Димовски: Митревски оди си, ти си мафијаш, крадец, ајдук

0
1458

timthumbВ.Д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски најави дека синдикалците ќе протестираат секој ден пред зградата на Сојузот на синдикати се додека Живко Митевски не си замине, пренесува „А1он“.

– Ова нема да застане тука, секој ден ќе не има се побројни иако температурите ќе одат во минус. Живко, напуштија зградата, не те сакаме ти си мафијаш, крадец, ајдук и тоа ќе го докажеме на суд и преку медиумите, рече Димовски.

Пред 3 дена Димовски беше физички нападнат откако група луѓе влегле во зградата на ССМ и насилно ги исфрлиле вработените од просториите.

Целото видео од изјавата може да го погледнете ОВДЕ