(ВИДЕО) Димитриевски: Војската ќе има станови по НАТО стандарди, бројчињата ќе останат за Груевски и Јолевски!

0
1456

„Го поддржуваме независниот синдикат на АРМ и во целост ги разбираме незадоволствата во редовите на Армијата од актуелните политики на власта предводена од Никола Груевски и неговите репрезенти.

На многу неодговорен и несериозен начин власта повторно се обиде да манипулира со професионалците во државата. Вети изградба на станови во рамки на проектот АРМ-мојот вистински дом, но за жал повторно излезе на површина популизмот на власта. Власта во овој случај подели станови т.е бројчиња за станови кои постојат единствено на хартија и ги врачи на апликантите во редовите на АРМ“, изјави Максим Димитриевски.

„Почитуван господине Јолевски, војникот во Армијата не е само бројче како што вие овој пат го покажавте во јавноста. Војникот на АРМ има чест и достоинство.

Почитувани војници, токму вие коишто во Крива Паланка ве има над 280 на број од овде јавно и одговорно ви потврдувам дека ова многу брзо ќе се смени. Власта по 11 декември предводена од Социјалдемократскиот сојуз ќе ги промени политиките и односот кон Армијата на Република Македонија.

Ќе понудиме концепт за изградба на станбени згради во државна сопственост коишто повторно како во минатото армиските припадници ќе можат повторно да ги користат, а подоцна истите да ги откупат. Водено, една од можностите заедно со вас коишто ќе се обидеме да ја имплементираме е армискиот модел сместување на армискиот персонал во монтажни бараки во склоп на армиските касарни, но секако по претходно ваша добиена согласност.

Остануваат отворени во можност и сите останати проекти коишто се практикуваат во редовите на современите армии во светот и современите армии коишто се наши НАТО –партнери.

Почитувани граѓани, ни 5% од вкупниот армиски персонал во моментот нема да може да ги користи становите за коишто Груевски и Јолевски во иднина планираат да направат камен темелник токму затоа бидејќи секој армиски припадник е финансиски заглавен како и секој граѓанин во Република Македонија. Сите се заглавени во кредити и истите нема да ги исполнат барањата на комерцијалните банки за добивање на долгорочни кредити и откуп на ваквите станови што Груевски и Јолевски повторно ќе ги градат пред камерите и ќе шират популизам.

Знаеме за проблемот којшто армиските припадници го имаат и со превозот и со ниските дневници коишто во континуитет доцнат и со сите останати проблеми од технички карактер како недостаток на униформи и друг тип на основна опрема, а за техничката опременост на АРМ и да не говориме.

Почитувани граѓани, сето ова по 11 декември ќе запре. Ќе дојде одговорна власт која што ќе се грижи за одбраната и безбедноста на на државата“, рече Максим Димитриевски.