(ВИДЕО) ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПРЕЧЕКАНА СО СВИРЕЖИ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ПРИ ШТО ТОЈ ИЗЈАВИ ДЕКА ВО ДЕМОКРАТСКА ЗЕМЈА КАКО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ ИМ ЗАМЕРУВА НА ПРОТЕСТАНТИТЕ И ДЕКА МОЖЕ СЕКОЈ СЛОБОДНО ДА СЕ ИЗРАЗИ БЕЗ ВЛАКНО ДА MУ ФАЛИ

0
839

Делегацијата предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска беше исвиркана пред влезот на црквата Свети Спас каде положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од раѓањето на револуционерот.

Топлата со извици „УА“ и свирежи го пречека Пендаровски и порача „Ја продадовте Македонија“.

Дел делегацијата предводена од претседателот Стево Пендаровски беа и вицепремиерот Артан Груби, како и министерот Благој Бочварски.

Подоцна во изјавата за новинарите, претседателот Пендаровски изјави дека не му сметале свирежите, тоа било нормално во една демократија, за тоа сме се бореле секој да може да се изрази слободно без влакно да му фали.