(ВИДЕО) Гуштеров: Под велот на Пеце Наумовски ВМРО-ДПМНЕ протна изградба на објекти на Водно

0
1273

ristogusterov-685x320

По налог на Управната инспекција денеска се пристапило кон рушење на гаражи во приватна сопственост на Водно преку кои треба да поминува пат до шестте атрактивни парцели во сопственост на фирми и луѓе блиски до вравот на ВМРО-ДПМНЕ. Две од гаражите му припаѓаат на бизнисменот, Ристо Гуштеров, кој вели дека со оваа интервенција ќе се уништат 12.000 хектари од парк шумата.

– Парцелите се формално правно на нивниот фронтален играч Пеце Наумовски на кој во скриена форма му беа дадени за изградба на спортски објекти. Под тој вел протнаа незаконски и против хуманоста на просторот, изградба на објекти со вкупна површина од 23.000 квадратни метри – вели тој.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=S_ZhuJy8KKM[/youtube]

Парцелите се предвидени за изградба на станбени објекти така што, додава Гуштеров, ќе се уништи мирот и спокојството на просторот, а ќе се намали и вредноста на веќе изградените.

-23.000 м2 по 100м2 за еден апартман, значи ќе се добијат околу 230 апартмани. По тројца во еден апартман, значи околу 600-800 луѓе кои тука треба да се населат. Ете тоа е стилот на нашиот диктатор Груевски – смета тој.

Иако веќе започнале да ги уриваат гаражите, службениците кои дошле на терен по налог на Управната инспекција, се повлекле откако интервенирале од Општина Центар. Тие немале со себе решение отстранување на гаражите и најавиле дека со рушењето ќе продолжат наредните денови.

Урбанизирањето на овој терен на Водно се озакони со измените во Деталниот урбанистички план минатата година кога претседавачот на општинскиот Совет, Мирослав Шиповиќ, беше ослободен од притвор. Во негово присуство се изгласаа измените кои предвидуваат навлегување во зеленилото на Водно и пренамена на земјиштето во станбени комплекси.

Претходно, пак, просторот беше наменет за изградба на спортско-рекреативни објекти.

Според аудио-снимките кои ги објави опозицијата преку проектот „Вистината за Македонија“, ова земјиште е од личен интерес на премиерот, Никола Груевски, како што рекоа од СДСМ.

Извор: А1он