(ВИДЕО) Граѓанскиот суд му забрани на Никола Груевски доживотно да врши јавни функции и политичка активност

0
1001

Доживотна забрана за вршење јавни фунции и бавење со политичка активност за бившиот премиер Никола Груевски поради злосторство врз јавните пари, корупцијата и неодговорното задолжување побара денеска на седница Граѓанскиот суд во состав Петар Гошев, како главен судија, Јадранка Костова и Александра Гавриловска, како помошници судии.

Обвинението  го застапуваше Сашо Ордановски, а одбраната Бранимир Јовановиќ.

„Во Македониј во последниве десет години, една група на власт, предводена од бившиот Н.Г, извршила огромен грабеж на народни пари и народен имот за кој според големината, времетраењето на дејството и дрскоста на изведбата речиси нема пример во седумдецениската истоија на новата македонска држава. Трагањето по вакви примери низ земјината топка покажува дека ги имало, или ги има, само во таканаречените држави – сведоштва за најубедливи остатоци од ерата на варварството“, се вели во дел од образложението на пресудата според која обвинетите се виновни по повеќе основи:

1.Обвинетите, се виновни затоа што организирале „Злосторничка организација која десет години ги ограбувала граѓаните на Македонија.

2.Казните за првооптужените за ова големо злосторство не треба да бидат пониски од највисоките предвидени со Уставот и Кривичниот законик на Република Македонија.

3.Со оглед на тоа што создале систем/организација која извршила грабеж кој драматично ја разнишува економската и политичката стабилност на земјата, Граѓанскиот суд предочува дека било какви, евентуални олеснителни околности за злосторниците би биле голема навреда за огромното мнозинство граѓани на РМ.
4.Заедно со изречените затворски казни, од надлежните институции на државата се бара да утврдат најточно што е можно колкав е имотот што виновниците го стекнале на незаконит начин. До утврдувањето на точната штета, која виновниците мора да ја надоместат, надлежните институции да донесат одлуки за заплена и забрана на отуѓување на севкупниот финансиски и недвижен имот што тие го имаат во земајата и во странство.
5. Истовремено, Граѓанскиот суд бара изрекување на доживотна забрана за вршење јавни фунции и бавење со политичка активност“, рече судијата Петар Гошев, при образложението на пресудата на Граѓанскиот суд.

Претходно Обвинителството, застапувано од Сашо Ордановски, побара од  судот да се осуди секој од вмешаните „во оваа пљачка на столетието на најригорозни затворски казни, кои само по изминување на две-третини од досудените казни, од затворски, да можат да се преиначат во казни со извршување на општествено полезни работи, како оние од областа на комуналната хигиена или јавните градежни работи.“

Потоа, да се изврши заплена на целиот движен и недвижен имот, во земјава и во странство, на оние на кои ќе им се докажат злоделата, а во обид да се надомести колку што е можно повеќе од украденото јавно добро.

„Да се донесат доживотни забрани за вршење на јавни функции и занимавање со политика на сите оние кои ќе добијат затворски казни од над пет години за злоделата кои ќе се докажат дека ги извршиле. Македонија пропушти таква можност во врска со припадници на некои претходни владејачки гарнитури, па сега токму тие се залагаат за аболирање на сторените криминали и за наводната потреба од „национално помирување“ врз основа на негонење на извршените злосторства.

За време на извршувањето на затворските казни, осудените да бидат подложени на следење на задолжителна настава за демократија, правна држава, одговорно јавно работење и совладување на градивото за тоа што претставува јавен интерес во цивилизираните општества.“

Видеото ОВДЕ