(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ТОНИ ЗАТКОСКИ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

0
1941

Денес ОО на СДСМ од Кривогаштани против градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски поднесе кривична пријава за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка, за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за бесправно градење.

pres-krivogastani-768x576

„Во текот на 2013 година градоначалникот Тони Заткоски во својата Програма на реализирани проекти објави податок за реализација на проект за изградба на парк и фонтана во Општина Кривогаштани и парк и фонтана во с.Врбјани. Во програмата стои дека за реализација на фонтаната и паркот биле потрошени вкупно 300.000,00 денари буџетски средства. При реализацијата  на овие два проекта направен  е криминал при што се злоупотребени средствата на граѓаните, повреден е Законот за јавните набавки, нарушена е конкуренција на заинтересираните субјекти и предизвикана е штета набуџетот на Општина Кривогаштани, рече членот на општинскиот Совет од редовите на СДСМ Дијана Ацеска.

Покрај градоначалникот Заткоски, со пријавата се сомничат и други одговорни лица во локалната самоуправа на Општина Кривогаштани, јавните претпријатија и правните лица кои учествувале во реализацијата на овие два проекта.

Од Општинската организација на СДСМ – Кривогаштани најавуваат дека ќе започнат со иницирање на постапки заради утврдување на кривична одговорност на органите на Општина Кривогаштани, службените и одговорни лица вработени во локалната самоуправа како и јавните претпријатија, сѐ до целосно утврдување на незаконитостите во функционирањето на актуелната власт.

Извор : РеволуционерМк