(ВИДЕО) Георгиевски: По повеќе од 50 години, Виниче добива современа патна инфраструктура

0
1089

Населеното место Виниче за прв пат добива современа патна инфраструктура. Денеска градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, Николче Бабовски го означија отпочнувањето на рехабилитација на локалниот пат во Виниче до манастирот Св. Илија во должина од 2 км.

Според градоначалникот Георгиевски, овој проект е дел од мерките на Владата кои се однесуваат на инвестиции во локалната патна инфраструктура за поврзување на населени места односно селата со локалитети од значење за начинот на животот и работата на селската популација.

  • Ова ќе значи дека Виниче кое како населено место беше заборавено од сите. Сега ќе може лесно и безбедно да се поврзе со останатиот дел од овој регион, а сите посетители ќе можат да стигнат до манастирот како и да уживаат во убавините на Скопска Црна Гора. Проектот чини 10,9 милиони денари, средства на Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој. Општина Гази Баба како никогаш досега има сериозна поддршка од Владата, предводена од Социјалдемократскиот сојуз. Верен партнер во секое време за решавање на суштинските децениски проблеми на граѓаните, со кои добиваат значително подобри услови за живот, посочи Георгиевски.

Во меѓувреме, се реконструира и локалниот пат од основното училиште Наум Охридски до викенд населбата во Булачани во должина од 1100 метри, а ќе се реконструира и проширува и регионалниот пат од Бутел до Раштак во должина од 5 км. Со изградбата на овие 3 локални патишта се решава долгогодишен проблем на граѓаните за кој никој претходно немаше слух. Сега добиваат достојни услови за живот и можност да бидат поврзани меѓу себе со современи патишта.

Според министерот Димковски овој проект е од големо значење за жителите кои по повеќе 50 години, за прв пат ќе добијат асфалтирана улица по стандарди за градба на патишта.

  • Патот е долг 2 км и истиот е во вредност од 15 милиони денари,пари кои се обезбедени  со финансиска подршка од оваа влада. Очекуваме да биде завршен и пуштен во употреба за 10 месеци, рече министерот Димковски.

Бабовски пак посочи дека преку проектите од овој тип значително се подобрува патната инфраструктура во руралниот дел на општината.

  • Преку реализација на овие проекти навистина се подобрува патната инфраструктура во општината и докажуваме дека имаме посебно внимание за

малите населени места којшто се наоѓаат во руралната средина, а имаат ист рамномерен развој како сите други урбани средини во државата, изјави Бабовски.