(ВИДЕО) Вториот најмоќен човек во ЕУ, Туск се обрати на македонски јазик: Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа

0
1290

Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација.

Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик.

Туск рече дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.

– Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане – рече Туск.

Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.

– Застанавте до нас во случајот Солсбери и ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани – рече првиот човек на Европскиот совет.

Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.

– Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни – рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК.