(ВИДЕО) ВОЈНА ВО ФРАНЦИЈА : ГОРАТ ВО ПЛАМЕН ЦЕЛИ ЗГРАДИ КАЈ ЕЛИСЕЈСКИТЕ ПОЛИЊА!!!

0
1331

Франција размислува за воведување на вонредна состојба со цел да се спречи повторувањето на едни од најголемите нереди во последните 10 години, изјави портпаролот на француската влада, Бенџамин Гриво.

Француската влада повикува на мирни демонстранти да дојдат на преговарачка маса, додаде портпаролот, пренесува Ројтерс.

Група маскирани млади луѓе, од кои некои имале метални шипки, предизвикаа хаос на париските улици, вчера во францускиот главен гред протестите ескалираа, беа унишетени неколку продавници, затворени околу 20 метро станици, запалени беа и десетици автомобили, а во протестите на движењето на така наречените „Жолти елеци“ имаше и голем број повредени и приведени.

„Треба да ги разгледаме мерките што ќе се преземат за да се избегнат овие инциденти во иднина”, изјави портпаролот на владата во неговото интервју за радиото Европа 1.

Запрашан дали ќе биде воведена вонредна состојба, Гриво рече дека претседателот, премиерот и министерот за внатрешни работи денеска ќе ги разгледаат сите опции на состанокот што ќе се одржи.

Според очевици пожарникарите гаснат запалена зграда во близина на Елисејските Полиња.

Француските медиуми објавија дека на улиците можат да се видат уништени автомобили и барикади.

Во Париз денеска, трет викенд по ред избија судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.

Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.