(ВИДЕО) ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ: ПОКАЧУВАЊЕТО НА 30% НА ОДРЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ Е ЧИСТА ПЉАЧКА НА НАРОДОТ ОД СТРАНА НА ОДРЕДЕНИ БИЗНИСМЕНИ КОИ СЕ БЕЗ СРАМ И СОВЕСТ!

0
1675

– Да покачиш 30% цена на одреден производ овој период е чиста пљачка врз народот, тоа нема никаква економска логика. Дури и струјата да се покачила за 100 посто, што не е случај, тоа значи дека производот треба да се покачи максимум 5% затоа што толкаво е учеството на струјата во цената на крајниот продукт. Некои бизнисмени ја злоупотребија паниката и кризата за да се збогатат и тоа е многу срамно и нечовечки кога многу луѓе останаа без работа во време на пандемија.

Вице премиерот Битиќи удри по бизнисмените кои ги покачија цените овој период па владата мораше да интервенира и да ги замрзне цените на одредени производи кои се клучни за исхраната на граѓаните во земјава.