(ВИДЕО) Вистинска војна се води по улиците низ Брисел, ,,жолтите елеци” и полицијата жестоко се судрија!

0
1667

Демонстрантите ги искршија уличните знаци и семафорите во близина на полициската барикада што го блокира пристапот до канцеларијата на премиерот Шарл Мишел, и извикуваа слогани со кои повикаа тој да поднесе оставка.

Тие фрлаа камени плочи, петарди, ракети и други предмети кон полицијата, пренесе АП.

Портпаролката на полицијата во Брисел, Илзе ван де Кир, рече дека околу 400 демонстранти се собрани во таа област.

Полицијата и „жолтите елеци“ се судрија и во Брисел (ФОТО+ВИДЕО)

Белгиската полиција фрла солзавци и ги гаѓа со водени топови демонстрантите, кои пак фрлаат камења во близина на владините канцеларии и парламентот во Белгија.

Демонстрантите ги искршија уличните знаци и семафорите во близина на полициската барикада што го блокира пристапот до канцеларијата на премиерот Шарл Мишел, и извикуваа слогани со кои повикаа тој да поднесе оставка.

Тие фрлаа камени плочи, петарди, ракети и други предмети кон полицијата, пренесе АП.

Портпаролката на полицијата во Брисел, Илзе ван де Кир, рече дека околу 400 демонстранти се собрани во таа област.

Околу 100 се притворени, многумина за поседување опасни предмети како петарди или поради носење облека што може да се користи како заштита во судирите со полицијата.