(ВИДЕО) Вељановски : Изградба на нова спортска сала во Стајковци, инвестираме во проекти важни за граѓаните

0
1064

Изјава за медиуми, Александар Вељановски од ОО СДСМ Гази Баба 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Борче Георгиевски во континуитет продолжуваат да инвестираат во проекти важни за граѓаните на општина Гази Баба

Учениците од основното училиште Кирил и Методиј во Стајковци конечно ќе добијат нова современо опремена спорстска сала. Учениците од ова училиште до сега немаа спортска сала и мораа да ја следат наставата по физичко во пренаменета училница или надвор во дворот.

Салата е на површина од 430 м2 со висина од 6,7м. и во неа ќе може да се игра кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг-понг и разни спортски дисциплини. Салата ќе располага со две соблекувални и помошен простор.

Проектот за салата го подготви општината и во својот буџет обезбеди средства за почеток и изградба на спортската сала

Истовремено, покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко образование и во подрачното училиште Кирил и Методиј во Страчинци.

Почитувани,

Дури и во време на сериозна пандемија не запира реализацијата на капиталните проекти во Општина Гази Баба.

Во изминатите години СДСМ и на локално и на централно ниво докажа што значи вистинска грижа за граѓаните. Тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро.

Ви благодарам