(ВИДЕО) Велески : Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, крие имот од јавноста!

0
1704

Пратеникот на ВМРОДПМНЕ, Димитар Стевананџија, крие имот од јавноста!

Еве го неговиот Анкетен лист, со денешен датум.image0735
Како личен недвижен имот пријавил дека е сопственик на еден стан, а како недвижен имот на родители пријавил куќа во Прилеп.

Но, имотните листови до кои дојде СДСМ Прилеп, прикажуваат два станови коишто треба да бидат наведени во Анкетниот лист на Стевананџија.

Дали станот на улицаВасил Ѓорговбр.9/2-11 во Скопје , КО Центар 2, е негов и дали е тоа станот што е пријавен во анкетниот лист?%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81-%d0%ba%d0%b8%d0%b4%d1%80%d0%b8%d1%87-1Дали станот, според овој имотен лист на ул.Борис Кидриќ 4/16 во Прилеп е во сопственост на таткото на ДимитарСтевананџија? Ако е, зошто не е пријавен во Анкетниот лист?%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81-%d0%ba%d0%b8%d0%b4%d1%80%d0%b8%d1%87-1Зошто во Анкетниот лист стои само еден стан, без конкретна локација каде се наоѓа?Стевананџија има обврска да им даде одговори на граѓаните и за други имотни прашања.

Дали една половина од стамбената куќа на ул.Јоска ЈорданоскиПрилеп е негова? Ако е негова зошто не е пријавена во Анкетниот лист?%d1%98%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%98%d0%be%d1%80%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8

Дали дел од имот во место викано Шаторов Камен КОПрилеп е на неговата сопруга? Ако е, зошто не е пријавен во анкетниот лист?%d1%88%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d0%b2-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bdИма ли и друг имот на пратеникот на ВМРОДПМНЕ што се крие од јавноста?

Колку чини вкупниот имот на Стевананџија и на кој начин е стекнат?

Очигледно дека само функционерите на ВМРОДПМНЕ се богатат додека сите други граѓани осиромашуваат.
Порачуваме дека Државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија и да преземе соодветни законски мерки доколку криел имот, спротивно на законот.