(ВИДЕО) ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО ЗА СИТЕ ПОТТРЧКОВЦИ НА РЕЖИМОТ – Павлевски : Градоначалниците и советниците влегуваат во противзаконски дела, итно да се одблокира Собранието!

0
1731

Прес конференција,
Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ
Скопје, 11.04.2017

Почитувани граѓани,

Незаконски и недозволиво е насилно да се носат детални урбанистички планови на штета на граѓаните, во време кога градоначалниците и општините вршат само техничка функција!

Посебно нагласуваме дека, во услови на техничко функционирање на општините, советниците и градоначалниците не смеат да распишуваат тендери!

Примерот во Општина Аеродром, каде градоначалникот Ивица Конески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ за тендер интереси, без согласност од граѓаните, по итна постапка, изменија детален урбанистички план, е класичен доказ за работење спротивно на законот.
Согласно Законот за локална самоуправа, мандатот на сите членови на советите на општините и на сите градоначалници е 4 години и е веќе истечен!

Советите и градоначалниците, во периодот што следи, своите надлежности мора да ги извршуваат исклучиво технички, со цел да се даваат услугите кои им се потребни на граѓаните.

Советниците и градоначалниците исто така не смеат да ги задолжуваат општините, односно граѓаните! И не смеат да почнуваат инфраструктурни објекти за да се додворуваат на граѓаните во пресрет на локалните избори!
Укажуваме дека ќе има одговорност за сите последици од противзаконското и несовесно работење на градоначалниците и на советниците врз засегнатите граѓани. Предвидени се сериозни казни за сите лица кои вршат какви било активности без овластување, во време на истечен мандат!

Исто така, потенцираме дека е неопходно веднаш да се одблокира работата на Собранието за да изберат новиот собраниски претседател и новата Влада и да се создадат услови да се закажат локалните избори.

Локалните избори требаше да се одржат најдоцна до 15 мај, но поради тоа што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на Парламентот, изборите нема услови да одржат во предвидениот законски рок.

После тој рок, целосно прекинува мандатот на градоначалниците и советниците, со што тие губат секакво право на раководење со општините. Општините ќе останат обезглавени, а последиците ќе паднат врз граѓаните кои не ќе може да ги реализираат своите потреби.

Затоа, ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните според Деловникот, Уставот и законите и ќе има и нова Влада и датум за нови локални избори.

И како што граѓаните избраа промени на централно ниво, бидејки сакаат совесни политичари кои ќе се грижат за нив, ќе има промени и на локално ниво. Граѓаните во општините ќе добијат нови одговорни совети и градоначалници, кои ќе се посветат на квалитетот на живот на сите граѓани, на целата територија на Република Македонија.