(ВИДЕО) БРАВО ЗА Новинарите од ТВ 21 пред милионското седиште на ВМРО-ДПМНЕ ГО БРКАА Крсто Муковски со камери и микрофони за да го прашаат ЗОШТО ГИ ПУШТИЛ ХУЛИГАНИТЕ НА ГРУЈО ВО СОБРАНИЕ ДА ГИ ЛИКВИДИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА!

0
5413

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Муковски кој според лицата што имале увид во снимките од внатрешните камери се гледа како ги отвора вратите тргнувајќи ја железната пречка на главната порта за насилните демонстранти, негира дека направил таков потег.

Тој тврди дека дека обвинувањата против него не се вистинити.

На прашањето дали е повикан од страна на истражните органи да ја докаже својата верзија за случувањата на крвавиот четврток, Муковски вели дека се уште нема добиено никаква покана од обвинителството.

Алсат-М повикувајќи се на сигурни извори веќе објави дека вратите на Парламентот за демонстрантите ги отвараат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Мукоски,Сашо Василевски  а заедно со Јохан Тарчуловски ги насочувале демонстрантите кон салата за прес-конференции. Пратениците со нивното постапување овозможиле извршување на тешки кривични дела. Во насочувањето на демонстрантите, Мукоски, Василевски и Тарчуловски биле потпомогнати и од страна на шефот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски.