(ВИДЕО) Бочварски: И по две години лажење, се уште не е реконструиран патот Кочани – Делчево

0
1387

Иако беше ветена, реконструкцијата на магистралниот пат Кочани-Делчево таа е далеку од остварена, рече на денешната пресконференција на Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт на СДСМ.bocvarski0511

– Јавното претпријатие за државни патишта испланира проект за рехабилитација на магистралниот пат Кочани-Делчево. Како што гледате тоа ветување не е исполнето. Проблематичната делница Кочани – Македонска Каменица со должина од 14 км не е ниту почната. Проектот за рехабилитација требаше да биде готов до август 2016. Зошто сеуште не се отпочнати градежните активности овде. Ова само ја покажува негрижата за патната инфраструктура на власта – рече Бочварски.

Тој презентираше документ  со кој, како што рече, се гледа негрижата за патиштата.

– На 30 август оваа година, „Македонија пат“ од Министерството за финансии, бара нафтени деривати без надомест. (400.000 литри Еуродизел БС гориво и 400.000 литри Екстра лесно гориво). Барањето било одбиено под образложение дека ќе предизвика импликации врз Буџетот на Р.М. Недостатокот на гориво е можеби само една причина зошто патиштата се во ваква состојба и зошто не се одржуваат. Ваквиот несериозен однос на власта ја смести нашата држава на дното во регионот според средствата потрошени за одржување патишта кои изнесуваат само 3330 евра за еден километар. Овој огромен одрон кој стои речиси 2 години е најдобар пример по какви небезбедни патишта се движат граѓаните на Р.М. во 21 век.  По промените на 11 декември, работите ќе се променат. Новата влада предводена од СДСМ посветено ќе работи на развој на патната инфраструктура. Токму овој пат ќе биде главен приоритет бидејќи долго време е во очајна состојба, а претставува и дел од меѓународен правец кој води кон граничен премин со ЕУ – промени Бочварски.