(ВИДЕО) Бочварски: Груевски може да се пофали со НУЛА работни места во Прдејци

0
1096

Оваа празна ливада требаше да биде технолошко индустриска зона на површина од 50 хектари. Ама не е. Овде, пред 4 години, 2012 година, Никола Груевски постави камен темелник. Ама ја нема индиската компанија Адиа Груп, го нема изреалскиот инвеститор Бен Дор, ја нема турската компанија Јагле Мезлер, вели Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ.

Секако нема ниту едно работно место од бројките на Груевски. Единствено што има е масовно иселување на младите од Гевгелија по бродови во Катар, Дубаи, Америка, Германија…

Ова ќе се смени по изборите во декември. Се обврзуваме дека ќе обезбедиме реални странски инвестиции што ќе отворат реални работни места. Граѓаните ќе ги знаат странските инвеститори, јавно ќе ги објавиме. Клучно, странските инвестиции ќе бидат дополнување на домашните претпријатија, а не нивна замена, како до сега. Цврста основа на домашната економија ќе бидат домашните претпријатија за кои ќе обезбедиме 20 – 50 милиони евра годишно, наместо досегашните две евра по фирма како што прави оваа власт. Имаме и конкретни мерки за младите сами да отпочнат сопствен бизнис со директна неповратна финанска помош од држава.

Младите ќе ги вратиме во Гевгелија, а оние кои планираат да заминат ќе ги мотивираме да останат. Празните ливади ќе станат вистински индустриски зони.