(ВИДЕО) БОМБА НА Љупчо Николовски: Софтвер од 778.000 евра го нема во сметководство, дали низ Цветков поминуваат бизниси?

0
1390

Прес-конференција на Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

На повидок е нов скандал со одлевање стотици илјади евра народни пари за софтвери во Министерството за земјоделство и Агенцијата за земјоделство и рурален развој.

Софтвер од 778.000 евра, за потребите на Платежната агенција не е сметководствено евидентиран!

Ова го открива ревизорот во овој најновиот извештај.

Која е причината што 778.000 евра не се влезени во официјалните финансиски евиденции?

Што кријат министерот Цветков и неговите колеги во Агенцијата?

Ова ли е причината што од сите огромни проблеми на земјоделците на терен, од катастрофално ниската откупна цена на пченицата па натаму, Цветков се фати за токму за софтвери?!

Го гледа цела јавност министерот Цветков, каде стигнува сега ветува некој нов софтвер за наводен откуп на земјоделски производи.

Граѓаните слушнаа од ревизорскиот извештај дека биле вршени исплати на лица за кои нема решенија за субвенции, или обратно токму поради неусогласеност на двата сектора во Агенцијата задолжени за тоа. И двата сектора имаат софтверски апликации, но нема интегрираност на податоците! А и покрај тоа што постои софтер за контрола на терен по исплатите, според ревизорот тој не функционира.

И не е тоа се околу софтверската манија на Цветков. Постои уште еден софтвер, во Министерството за земјоделство, преку којшто треба да се дефинира пазарната цена на земјоделските производи, но и тој софтвер не функционира!

Исто така постои софтвер за следење на наплатата за закуп на земјиште, но според ревизорот, не се евидентирани голем дел од склучените договори за земјоделско земјиште!

Уште колку софтвери му требаат на министерот Цветков и за што?

Бидејки не се за потребите на граѓаните, дали можеби на Цветков му се за задоволување на бизниси интереси на лица и фирми блиски до власта?

СДСМ со големо внимание ги следи и ќе ги следи сите состојби во земјоделството, вклучително и расфрлувањата пари на граѓаните за наводни софтвери.

Да внимава многу Михаил Цветков што прави со најавениот нов софтвер!

Предупредуваме, за сите злоупотреби на штета на граѓаните одговорност ќе има!