(ВИДЕО) БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН ВО СЛУЧАЈОТ ЕРАЗМУС : ЕКС ВРАБОТЕН ВО БИФЕТО НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ШУКЛЕВ БАРАШЕ СЕКС ИЛИ КЕШ ЗА ОЦЕНКА НА СТУДЕНТКА!

0
1798

Ексвработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек Шуклев од студентка барал секс или пари во замена за преодна оценка. Трајковиќ бил посредник помеѓу две студентки и професорот и тврди дека не дошло до договор за секс во замена за оценка. Сведокот во исказот рече дека тој очекувал исто така да добие сексуални услуги од девојчињата во замена за посредувањето меѓу нив и професорите.

Извор : А1он