(ВИДЕО) БОМБА НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Антонио Милошоски прв го напушти бродот на кириминалната банда на Груевски: Ќе работи како нотар!

0
7070

Промените се случуваат, граѓаните го поразија режимот, доаѓа живот во Македонија. Најблиските соработници на Никола Груевски први го напуштаат бродот на криминалната банда и се подготвуваат за опозиција. Прв повлече нога еден од најблиските соработници на Груевски, носителот на листа, Антонио Милошоски, рече на прес конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Милошоски, според овој документ издаден завчера, ќе работи како нотар.Ова е официјален документ од Министерството за правда, според којшто министерот за правда само ден по изборите, формирал комисија за да изврши проверка на просториите и опремата во коишто ќе се смести новиот нотар, Антонио Милошоски. Од документот се гледа дека Министерството за правда побарало од Нотарската комора на Македонија увид во условите за работа на Милошоски како нотар уште пред изборите, на 7 декември. Значи Антонио Милошоски ги лажел граѓаните кога им ветувал дека ќе ги застапува нивните интереси во институциите. Ова уште еднаш ја покажува дволичноста на Груевски и соработниците кои мислат исклучиво на своите интереси и ништо друго – рече Шилегов.

Тој нагласи дека на улица Орце Николов бр 20/2 е канцеларијата којашто е запишана во овој документ, а во која нотарски услуги ќе дава носителот на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ, соработникот на Груевски, Милошоски.

– Вчера, два часа пред Влатко Ѓорчев да излезе на невротичната и панична прес конференција, комисијата од Министерството за правда била во овие простории да ги утврдува условите за новата нотарска работа на Милошоски. Ете затоа е паниката во ВМРО-ДПМНЕ. Режимот тоне. За кратко почнува реализацијата на Планот за живот во Македонија како што одлучија граѓаните на изборите – порача тој.