(ВИДЕО) БОМБА НА ЛОКВЕНЕЦ : 307 милиони евра исплатени кон земјоделците, на прав пат сме, имаме вистински мерки

0
1414

Кога  имате реални мерки, не вреди да се зборува за популизам, кој вашиот лидер 11 години го развиваше, шетајќи со телефонот на појас и камера пред него како ги решава проблемите на граѓаните, рече пратеникот на СДСМ Хари Локвенец на денешната собраниска седница.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ  за 11 години изгради 45 градинки, а СДСМ за 2 години 24 и уште се градат.

Од 01.06.2017 година исплативме 307 милиони евра субвенции за земјоделците, 62 милиони евра заостанати неисплатени субвенции за периодот од  2012 – 2016 година, нагласи Локвенец

Вие само за промоција  на старнски инвестиции потрошоците 250 милиони евра  за фирми со државен интервенционизам и 20 милиони за промоција и прпоаганда на странски инвестиции во домашни медиуми, рече пратеникот на СДСМ Хари Локвенец при реплика на собраниската седница посветен на Буџетот за 2019 година.