(ВИДЕО) НА ЗАЕВ МУ ПУКНА ФИЛМОТ ОД ТАСТЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И СЕ ЈАВИ НА ГОВОРНИЦА ВО СОБРАНИЕТО : Ќе се избере спикер овде или на друго место

0
10935

Претседателот на СДСМ од собраниската говорница Зоран Заев најави прес конференција во Собранието на кое ќе одговори на сите прашања, откако рече дека одлуката за избор за претседател на Собранието наскоро ќе се случи.

– Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ, рече Заев во неговото излагање на говорницата, од каде го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор согласно Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.