(ВИДЕО) БОЖИНОВСКА : АРСОВСКА ДЕМАНТИРАНА И ОД ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

0
936

Изјава за медиуми на СДСМ, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани,
 
Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, со месеци ја стопира реконструкцијата на Универзална сала.
Наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на град Скопје, Арсовска се обиде со лага да ја оправда својата неработа.
Експересно, невистините на градоначалничката Арсовска ги демантираа и градежниците.
Проекетот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати.
За период од 4 месеци колку што е градоначалничка Арсовска требала целосно да ја заврши оваа фаза од проектот а не да измислува оправдување.
Наместо невистини и безбројни оправдувања за својата неработа Данела Арсовска треба се фати за работа и да го заврши овој важен проект за скопјани, но и за целата држава.
Универзална сала е симбол на Скопје и на солидарноста.
Недозволиво е со месеци реконструкцијата да стои закочена.
Градоначалничката на Скопје да не ги потценува граѓаните, да не бара оправдувања, туку конечно да се зафати со она што и е работа – да реализира проекти во интерес на Градот.