(ВИДЕО) Богојески: Време е да бидеме свои на своето, политичарите да бидат слуги на народот!

0
944

Македонски концепт денеска го започна својот предизборен караван во пресрет на изборите на 15 јули.

Петар Богојески, првиот човек на оваа партија порача дека ова е борба на доброто и лошото.

„Време е да бидеме свои на своето. Ние се обраќаме на сите граѓани. Редно е да ја преземеме контролата во наши раце. Ова е борба помеѓу доброто и лошото. Сакаме нормален живот. Сакаме да се врати ведрината на лицата на нашите граѓани. Сакаме правда и сигурност. Сакаме децата да имаат подобра иднина од нас. Сакаме држава во која политичарите ќе бидат слуги на народот“, истакна Богојески.

Дадениот глас за 10ка на изборната листа е глас за задржување на младите кои знаат дека во оваа земја ако немаш партиска книшка си никој и ништо. Македонски концепт сака да се отворат можностите за младите и тоа преку интензивна помош за почеток на бизниси, за вмрежување со компании со странство. Образованието треба да се врати на квалитет, и да биде систем поставен на темелите на откривање на фактите преку интеракција е единствен начин за напредок. На препознавање навреме на афинитетите на детето и следење на неговиот развој.

„Стариот систем се покажа како непоправлив. Мора да изградиме нов, модерен и демократски систем, а стариот полека да згаснува. Сето ова е возможно само со богати граѓани. Имаме богата мафија, богати партии. Редно е да имаме богати граѓани“, смета Богојески и додава дека е време да згаснат етничките политички партии.

„Доста е. Ова ни е последна шанса да ги менуваме нештата. Време е да се разбудиме и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. Гласајте за 10ка! Не сакаме да се споредуваме со другите бидејќи немаме криминали и матни зделки за споредба. Имаме јасна идеја и цел и знаеме дека за ваква промена треба време, ама мора да почнеме од некаде. Гласот за 10ка е глас за сите нас! За држава каде политичарите се слуги на граѓаните, а граѓаните се конечно силата во државата!”, изјави Петар Богојески носител на листа под број 10 во изборна едница 1.