(ВИДЕО) Богоев: Избирачкиот список не е прочистен!

0
1399

Денеска дојдовме да направиме увид во избирачкиот список, овде, во подрачната единица на Државната изборна комисија во Центар. Меѓутоа, како што регистрираа и камерите, тоа не беше дозволено. Односно беше дозволено само индивидуално да се провери, со конкретен матичен број и податоци за одредена личност. Не беше дозволен целосен увид во избирачкиот список, што не треба да биде така според изборниот законик, рече Стефан Богоев.

Очигледно е дека се прават обиди да се сокрие хаосот што се случува во избирачкиот список.

И по вчерашната седница на ДИК, избирачкиот список останува полн со фантомски гласачи, останува полн со недоследности, со нецелосни документации и податоци за граѓаните.

Имаме и дел конкретни податоци кои што велат дека 139.438 граѓани се без адреса, односно без валидна лична карта, а се останати во избирачкиот список.

18.269 лица коишто воопшто не им се пронајдени апликациите, односно барањата за лични карти во МВР, исто така се останати во избирачкиот список.

5.420 гласачи од Пустец, се уште по наши информации од Државната изборна комисија се останати во избирачкиот список.

Сето ова е уште една потврда дека еден од клучните услови за фер и регуларни избори не е исполнет, односно избирачкиот список воопшто не е прочистен.

Повторуваме, дека единствено, прочистен избирачки список, фер регулација кај медиумите и одвојување на партијата од државата, се услови за да се овозможат фер и регуларни избори.