(ВИДЕО) Богоев во „10 Минути“: СДСМ е подготвена да ја сноси одговорност и да ги поддржи граѓаните на протестите

0
1418

СДСМ е подготвена да ја сноси одговорноста и да ги поддржи граѓаните да истраат во своите барања и покрај притисоците од власта рече Стефан Богоев во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Богоев од самиот почеток е дел од групата демонстранти кои фрлаат боја врз институциите и рече дека нема да се откаже од поддршката за „Протестирам“ и по цена на ригорозни казни.

„Застанавме зад демонстрантите кои беа казнети како нивна поддршка. И јас бев еден од тие што фрлаа боја. Подготвени сме на сè. Ако веќе викаат на информативен разговор нека ме повикаат и мене и Заев и Шекеринска. И да го направат тоа нема да не спречат во намерата протестираме, ниту пак граѓаните.“, рече Богоев.

Богоев вели дека од протестите нема да престанат се додека не се исполнат сите барања. Не ја исклучи можноста граѓанските протести да станат порадикални и да ескалираат доколку во извесен временски период не се надмине оваа ситуација.