(ВИДЕО) А1ОН ПОРТАЛОТ ОБЈАВИ ВИДЕО НА ЛИЦА ОД ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА КАКО ВРШАТ ИЗБОРЕН ПОТКУП ЗА КАНДИДАТКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЕДНА РОМСКА НАСЕЛБА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

0
1000

А1он“објави, како што наведе, снимки со група на Роми, жители на Ѓорче Петров кои оставаат лични карти на еден ден пред вториот изборен круг. Неофицијално, станувало збор за поткуп, непосредно пред изборниот ден, за време на изборниот молк. Ова се случувало во двор на куќа, каде дестици Роми биле повикани да ги донесат личните карти.

На снимките се гледа и како се прават копии од нивните лични документи, кои потоа, биле задржувани. Неофицијално, биле давани пари во кеш, за да го гарантираат нивниот глас дека ќе биде даден за кандидатка на изборите за градоначалници. Полицијата е известена и постапува, а информации се најавуваат за подоцна.