Како директор на Агенцијата за млади и спорт сум против објавување на навредлива содржина и сметам дека е грешка, изјави директорот на АМС, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.
Тој истакна дека ќе направи се што е во негова надлежност за грешката да се поправи и да не се повтори.
Каевски истакна дека ангажираната комисија требало да изврши селекција на песните кои ќе бидат објавени во збирката „Млади поети“.
– Овој случај е аларм за нас како институција, а јас како директор чувствувам морална одговорнсот за настаната грешка и се извинувам на јавноста. Во исто време имам одговорнсот да го истражам случајот до крај и да не дозволам да се повтори. Ова ќе биде пример за професионална реакција на институција, рече Каевски и додаде дека мора да постои професионална одговорност за грешката.
АМС ќе го повлече целиот тираж од збирката, а Каевски најави дека одговрните ќе ја надоместат штетата за печатењето на првите 5.000 примероци, односно тие ќе ги вратат потрошените 150 илјади денари.
Извор : А1он