(ВИДЕО) АЈДЕЕЕЕЕ, МИЦКОВСКИ ГО ОБВИНУВА СПАСОВСКИ ДЕКА ГО РАШИРИЛ ВИРУСОТ НИЗ КУМАНОВО СО ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ?!?! ЗНАЧИ СПОРЕД МИЦКОВСКИ ВО ПАКЕТИТЕ ИМАЛО КОРОНА?!?!

0
1270

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од својот дом во изолација повторно преку видео се обрати до јавноста. Тој денеска вели дека техничкиот премиер Спасовски на некој начин помогнал во ширење на коронавирусот во Куманово.

„Денеска е мојот шести ден во самоизолација, се чувствувам одлично и здравствено и физички. Ја користам оваа прилика да ви посакам добро здравје вам и на вашите семејства, на сите оние кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а на  медицинските лица, припадниците на МВР, армијата да им се заблагодарам за сето она што го прават за македонските граѓани и за Македонија.

Денеска ја користам оваа прилика да коментирам 4 теми кои што се актуелни изминативе денови. Би започнал со можеби најактуелната а тоа е состојбата со Ковид-19 вирусот во Куманово. Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација  и суета од страна на владата и техничкиот  премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановчани и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин практично го рашири Ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово.

Ја користам оваа прилика да апелирам до него да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на  кумановчани и градоначалникот на Куманово бидејќи има време и за внатрепартиски пресметки има време и за политичка битка, сега е најважно здравјето на граѓаните и да го поразиме овој вирус којшто за жал е наше денешно секојдневие“, вели меѓудругото Мицкоски.